Празнична вечерна богослужба на Плаошник

Објавено во Охрид Среда, 07 Декември 2016 19:12

Дебарско – кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 07 декември 2016 година (среда), ќе се служи празнична вечерна богослужба во манастирот „Свети Климент и Пантелејмон“ – Плаошник – Охрид,

по повод јубилејниот празник 1100 години од блаженото упокојувањето на „Свети Климент Охридски“ со почеток во 16:00 часот на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско – кичевски г.Тимотеј.
08 декември 2016 година (четврток), со почеток во 08.45 часот ќе се служи света архиерејска литургија на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско – кичевски г.Тимотеј.
Дебарско – кичевската епархија ги повикува сите свои вернци на помасовно заедничко прославување, на јубилејот 1100 години од блаженото упокојување на нашиот голем просветител и учител на сите словенски народи Свети Климент Охридски.

Фото Галерија

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.