Писмо со благодарност од царинската управа до градоначалникот Петрески

Објавено во Охрид Среда, 07 Април 2010 12:10

Директорот на Царинската управа, г.Ванчо Киргов упати писмо до првиот човек на Охрид, Александар Петрески во кое се изразува благодарност за големата поддршка во организацијата на "Конференцијата на директори на царински управи

во Европскиот регион на Светската царинска организација - 2010", која се одржа во Охрид на 15 и 16 март.

carinablagodarnica

Светската царинска организација, основана во 1952 година како Совет за царинска соработка, е независно меѓувладино тело чија мисија е зајакнување на ефикасноста и ефективноста на царинските управи. Како светски центар на царинска експертиза, СЦО е единствената меѓународна организација компетентна за царински прашања.

Европскиот регион го сочинуваат 52 царински служби, а ваквите конференции кои се одржуваат секоја година од основањето на СЦО, претставуваат највисок форум за одлучување на директорите од регионот, пред годишниот Совет  на Светската царинска организација.

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.