Падна столб на потегот кон чинарот во Охрид

Објавено во Охрид Четврток, 04 Јануари 2018 15:47

Ноќеска падна поставен засебен столб на кој беше монтирана дел од новогодишната опрема, поточно чадорите на потегот кон Чинарот.

 

Служби на  Општина Охрид излегоа веднаш на терен и се пристапи кон санирање на овој 
проблем. Дополнително, ќе се пристапи и кон утврдување на причините кои 
доведоа до овој немил настан, во кој за среќа, нема повредени лица, а е 
причинета само материјална штета.
По утврдувањето на причините, за истите ќе бидете благовремено информирани.

Фото Галерија

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.