Пад на двајца руски параглајдеристи во Љубаништа

Објавено во Охрид Среда, 22 Јули 2009 13:16

Во текот на вчерашниот ден околу 17.30 часот во Авто-кампот Љубаништа се случил инцидент во кој учествувале двајца руски туристи вљубеници на параглајдерството.

Станува збор за лицата А.К (1978) и С.З (1955) кои при слетувањето и двајцата изгубиле контрола над леталата и паднале, притоа повредувајќи го лицето М.Е (1997) од Македонија. Повреденото лице се здобило со лесни телесни повреди и е пуштено на домашно лекување.

Лицето С.З при падот со леталото се здобило со тешка телесна повреда, скршена рака и е пренесено во болницата „Св.Еразмо“ - Охрид, каде е задржан на лекување информираат од СВР Охрид.

Полицијата работи на расчистување на случајот.

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.