ЈП Охридски Комуналец Охрид повторно ги запоставува своите обврски

Објавено во Охрид Четврток, 04 Мај 2017 16:36

ЈП Охридски Комуналец во изминатиов период се соочува со голема некоординираност и не си ги извршува своите обврски за кои плаќаат граѓаните на Охрид.

Имено главните тротоари се неискосени од трње и трева. Јавните површини за кои се плаќа за јавна чистота не се исчистени, преполни контењери со ѓубре и сл.

Во разговор со граѓани кои целиот живот го поминале во Охрид кажуваат и потврдуваат дека Охрид никогаш не бил на ова ниво и дека воопшто не се води грижа за чистотата на овој град. Во прилог се фотографии кои се направени за време на празникот , но и фотографии каде се средуваат приватни тревни површини, а јавните се оставаат и воопшто не се средуваат.

Додека го пишувавме текстот пристигнаа фотографии од загрижени граѓани кои секојдневно поминуваат покрај задниот двор од гимназијата во Охрид и ни испратија фотографии за колкава порасната трева се работи , но и за фотографии какво и колку неисчистен смет има во таа трева.

 

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.