ЈП Билјанини извори донираше 40 фудбалски топки

Објавено во Охрид Вторник, 11 Септември 2018 20:49

Денеска во просториите на ЈП Билјанини Извори се одржа средба помеѓу директорката на ЈП Билјанини Извори г-ѓа Гордана Јованоска и директорите на основните школи Св. "Наум Охридски" од Пештани,

ОУ "Ванчо Николески" од Лескоец и проф. по физ. образование од ОУ "Кочо Рацин". ЈП Билјанини Извори согледувајќи ја потребата за спортски реквизити на основните училишта од руралните средини на територија на Општина Охрид донираше 40 фудбалски топки за потребите на активите по физичко образование се со цел да се помогне на образовниот процес а во насока на поддршката на правилниот начин на развој кај децата. ЈП Билјанини Извори во рамките на своите можности и во иднина ќе се насочи кон поддршката на образовните институции пред се поради нашите деца и нивниот правилен психофизички развој.

Фото Галерија

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.