Основното училиште Св.Климент Охридски – Охрид станаа дел од семејството Детска организација

Објавено во Охрид Вторник, 10 Октомври 2017 17:36

За оваа година мотото врз која база беше водена манифестацијата Детска недела беше   Во нашиот свет сите сме еднакви. Педесет првачиња од прво одделение во Основното училиште Св.Климент Охридски – Охрид, станаа дел од семејството  Детска организација.

Првачињата  на овој свечен прием имаа можност на еден поразличен начин да го доживеат истиот . Тие покрај читањето на детското ветување од страна на координаторот на Детската организација имаа можност да се вклучат во низата спортски игри кои беа организирани за нив . Правото на детска игра е само едно од правата регулирани во Конвенцијата за  правата на децата. Насмевката и задоволството на детските лица говори за тоа како се чувствуваа додека одеа, трчааа, скокаа, се провлекуваа...
Настанот беше проследен и од страна на родителите на децата, нераскинливата алка во воспитно- образовниот процес. Неизоставен дел на овој чин е и доделувањето на детските пасоши. Нека Ви е честит приемот драги првачиња. Овој ден нека остане запаметен во вашите сеќавања.

Фото Галерија

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.