Општина Охрид сеуште не ги има извадено таблите за лепење плакати од одреденото место за избори

Објавено во Охрид Понеделник, 17 Јули 2017 16:53

Општина Охрид сеуште ги држи поставени таблите за лепење плакати за време на избори. Поминаа околу пет месеци од завршувањето на изборите но истите не се дислоцираат. Немаме информација дека се поставени и дека имаат декоративна намена.

 

Деновиве една од таблите е веке падната,а другите не се знае како се прицврстени па случајните минувачи можат да бидат повредени.

На надлежните им препорачуваме дека можат да се потрудат да ги дислоцираат , а во најмала рака да ги обојат во шарени бои и Охрид буквално да се свати дека е „детска “ играчка за големи деца.

Фото Галерија

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.