Општина Охрид против концесијата за Сараиште

Објавено во Охрид Среда, 22 Јули 2009 10:00

Локалната самоуправа и градоначалникот Александар Петрески, се децидно против издавањето на концесија за плажата Сараиште.        Протестот и револтот на граѓаните се апсолутно оправдани, а се надеваме дека тоа ќе го увидат и во Министерството за транспорт и врски  - велат од локалната.

„ Без оглед на тоа какви идеи и проекти има концесионерот за уредување на овој локалитет, кој за Охрид е многу повеќе од обична плажа, факт е дека овој простор, во интерес на сите, а најмногу на градот и неговото културно, туристичко и урбано живеење, најдобро може да го уреди Локалната самоуправа. Во прилог на овој факт сакам да ве потсетам, дека овој простор Општината  го користи за поетски матинеа и други јавни културни и туристички манифестации и свечености " - се вели меѓу другото во писмениот допис на градоначалникот Петрески до министерот Миле Јанакиески.

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.