Охрид конечно ке го реши проблемот со кучињата скитници

Објавено во Охрид Понеделник, 30 Октомври 2017 14:51

Општина Охрид , презема почетен план за решавање на долгорочниот проблем со кучињата бездомници, на доброволна основа, во соработка со Здружението на граѓани „ Анималија“ .

Во исто време ќе се продолжи со проектот за стерилизација, нега и згрижување и ќе се бара трајно решение за определување на локација за стационар.
Во соработка со Центарот за развој на Југозападниот плански регион ќе аплицираме  со проекти за набавка на опрема и обука на кадри од комуналното претпријатие за справување со оваа проблем.

Важно ние да потенцираме дека проблемот не е краткорочен и може да трае во целиот мандат, па затоа мора со заеднички сили сите граѓани на Општина Охрид, а во наредниот период, заедно со општините Дебрца, Струга и Ресен заеднички ќе го решаваме проблемот- рече на денешната прес конференција, градоначалникот Јован Стојаноски.

Фото Галерија

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.