Охриѓанката Ајше Хасан го освојува светот

Објавено во Охрид Понеделник, 11 Јуни 2018 11:20

Градоначалникот на Охрид Јован Стојаноски денеска во својот кабинет ја прими Ајше Хасан која  го понесе  македонскиот тим  на врвот со четири златни медали во четири категории  на Светскиот натпревар 

 „Талентирани интелектуалци“ што од 20 до 23 април годинава се одржа  во Кембриџ, Англија.

Хасан која што беше единствената охриѓанка на  натпреварот  му се заблагодари на градоначалникот Стојаноски за целосната  поддршката што ја доби од општина Охрид да   замине за Англија и да има можност  да се натпреварува  со млади таленти од 40 земји од Европа, Азија, Африка ,Америка и Австралија.

Градоначалникот Стојаноски истакна дека младата Хасан ги оправдала очекувањата на општината посочувајќи дека таа е пример колку е битно  млад човек да  учи и постојано да се надградува за да  си овозможи себе си добра иднина.

Ајше Хасан е матурантка  на Јахија Кемал колеџот во Струга,  а по постигнатите резултати на натпреварот во Англија добила понуди своето образование да го продолжи на „Кингс“ Колеџот во Лондон, Универзитетот  „Манчестер“ или на Бристол колеџот кои спаѓаат во групата на 100 најдобри универзитети во Светот.     Таа потекнува од  охридско семејство  со просечни примања и се надева дека ќе доби државна стипендија  за да може да  го продолжи своето образование на еден од универзитетите во Англија.

Фото Галерија

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.