Одреден сообраќајниот тек за престојниот Охрид трчаТ

Објавено во Охрид Вторник, 17 Април 2018 10:43

Во просториите на СВР Охрид се одржа работна средба помеѓу началникот Сашо Смилески и неговите блиски соработници во СВР Охрид и организаторите на спортската манифестација Охрид ТрчаТ.

На средбата од преставниците на Охрид ТрчаТ промовиран беше сообраќајниот проект за атлетскиот викенд кој втора година по ред ќе се одржи низ улиците на нашиот град. Изработениот план за Охрид ТрчаТ со задоволство беше прифатен од одговорните лица во СВР Охрид кои истакнаа дека безбедноста на граѓаните и учесниците секогаш е на прво место. Со промовирањето на сообраќајниот план Асоцијацијата за спортови „Спорт за сите-сите за Спорт“ која го организира Охрид ТрчаТ ги започнува финалните подготовки за настанот кој ќе се одржи на 3 јун. 

Сите заинтересирани граѓани и компаниии за пријавување на атлетскиот викенд Охрид ТрчаТ можат да го направат тоа на официјалната страна „ohridtrcat.mk“. 

Фото Галерија

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.