Од понеделник сите таксисти од Охрид ќе можат да си подигнат магнетни картички

Објавено во Охрид Петок, 27 Јули 2018 08:49
Јавното претпријатие Билјанини Извори ги известува сите таксисти и такси компании кои имаат решение за вршење на превоз на патници дека од понеделник 30 јули ќе започнеме со издавање на специјални пропусници за непречено возење во зоната на Стар град.
Сите заинтересирани ги повикуваме да дојдат во дирекцијата на ЈП Билјанини Извори (Спортска сала Билјанини Извори) од 8 - 15 часот започнувајќи од понеделник и со себе да носат решение за такси превозник и копија на сообраќајна дозвола.
Специјалната дозвола - магнетна картичка која се издава чини 150 денари и се плаќа еднократно.

Фото Галерија

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.