Нема поскапување на услугите од страна на ЈП Градски пазар +ВИДЕО

Објавено во Охрид Среда, 14 Март 2018 16:48

Градоначалникот на Охрид, д-р Јован Стојаноски,  денеска   на прес конференција, а по повод предлог одлуките од осмата седница на градскиот Совет  објасни дека Јавното претпријатие „Градски пазар“ нема извршено  никакви измени  на цената за издавање под закуп на тезгите , а посочи и дека не се издадени лиценци кои дополнително би ги оптовариле пазарџиите на зелениот пазар.

- Ние имавме една коректна и сосема мирна средба со пазарџиите  и на таа средба ги расчистивме  некои шпекулоативни информации коишто допреа до нив. Нема поскапување на цените за издавање под закуп на тезгите  како што одредени  медиуми  тоа го пласираа без  да имаат  доброаналитички пристап кон разгледување  на таа информација. Во моментов  нема ни одредени лиценци со коишто дополнително ќе бидат оптоварени пазарџиите. Тие лиценци според законот за зелени пазари се однесуваат за индивидуалните земјоделци, а не и за народно наречените тезгаџии. Тие лиценци  не се однесуваат на нив. Станува збор за закон којшто се уште е во фаза на изготвување и донесување- истакна градоначалникот Стојаноски.


Што се однесува до предлог одлуката за  давање согласност на Одлуката за измена на статутот на ЈП „Нискоградба“  што беше една од точките на дневниот ред на седницата , градоначалникот Стојаноски рече:
    - Статутот на Нискоградба беше различен од статутот на останатите комунални претпријатија и затоа тој е прилагоден на основните законски одредби коишто велат дека за директор може да биде поставено лице коешто има најмалку 240 кредити. Во статутот на Нискоградба стоеше 300 кредити што на некој начин е надвор од таа основна законска одредба и ние со оваа промена  само го прилагодуваме статутот на ова претпријатие кон законските одредби и кон статутите на другите комунални претпријатија- подвлече градоначалникот Стојаноски.

Фото Галерија

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.