Надминат инцидентот со бродот Мис Стон

Објавено во Охрид Понеделник, 20 Ноември 2017 12:47

Денес се надмина инцидентот со бродот “Мис Стон“, кој делумно беше потонат во каналот Студенчишта и од кој беше излеана мала количина нафта,. Со помош на брод од Хидробиолошкиот завод и дигалка бродот беше исправен и прицврстен во близина на хангарот од Хидробиолошкиот завод.

Се очекува во наредните денови бродот да се дислоцира  од каналот. Во целиот зафат учествуваше и екипа на ЈП “Нискоградба“, која со пумпи претходно ја отстрани водата од внатрешноста на бродот.
Во текот на вчерашниот ден, екипа од Капетанијата и пристаништа од Охрид, со специјални абразивни средства, успеја да ја неутрализира најголемата количина излеана нафта.

Фото Галерија

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.