На сред бел ден ограбен ВИН Маркет на ул. Галичица

Објавено во Охрид Вторник, 14 Февруари 2017 12:30

Денеска околу 11:00 часот на ул. Галичица беше ограбен ВИН маркет. Лице маскирано со фантомка и нож во раката со закана по животите на вработените го одзел прометот од маркетот и се упатил во непознат правец.

Полициските службеници се на увид на лице место и се вршат оперативни мерки за пронаоѓање на сторителот. Во моментов се обавуваат разговори со вработените и лица кои биле во непосредна близина при извршување на грабежот.

Пред околу два месеци во непосредна близина на овој маркет исто со закана по животот со нож беше ограбена аптека УНА Фарм, грабеж во кој сеуште се трага по ограбувачот.

 

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.