Македонија и Албанија со заеднички проекти ќе се грижат за Охридското Езеро

Објавено во Охрид Вторник, 03 Април 2018 15:53

Градоначалникот Јован Стојаноски, денеска имаше средба со министрите за земјоделство на Република Македонија, Љупчо Николовски и на Република Албанија, Нико Пелоши.

На средбата доминираа прашања поврзани со можностите за интензивирање на соработката за заштитата на Охридското Езеро, одржливо управување со природните ресурси и креирање на заедничка туристичка понуда.

Големите проекти, како што се заштитата и управувањето со Дримскиот басен и прогласувањето на охридско-преспанскиот регион за биосферен резерват се добра основа за креирање на акциски прекугранични планови и реализирање на заеднички одржливи проекти. Затоа, градоначалникот Стојаноски од министерствата и владите на Република Македонија и Република Албанија  побара поддршка на проектите за заедничка, интегрирана заштита на Охридското Езеро, како светско природно богатство заштитено од УНЕСКО . Тоа, според него, ќе овозможи со трансгранични проекти да се користат средства од меѓународните фондови за одржлив развој на регионот.

Министрите за земјоделство Љупчо Николовски и Нико Пелоши со нивните соработници денеска,  разговарале за заедничките мерки за  заштита на  охридската пастрмка и белвица на македонската и албанската страна на  Охридското Езеро

Фото Галерија

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.