Лице од Шипокно ја претепал бившата сопругата со стап

Објавено во Охрид Вторник, 10 Октомври 2017 17:18

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „телесна повреда“, СВР Охрид Охрид поднесе кривична пријава против Л.И.(64) од охридското село Шипокно.

Пријавениот, казненото дело го сторил на 19 овој месец во 17 часот во дворот од семејната куќа каде била неговата поранешна сопруга. Тој најнапред и упатил низа  навредливи зборови и закани по нејзиниот живот со што предизвикал страв и несигурност а потоа физички ја нападнал удирајќи ја со стап по целото тело.
Оштетената набрзо била пренесена во Општа болница во Охрид, каде и  била  укажана неопходна  лекарска помош.

Фото Галерија

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.