Летен креативен детски камп во Охрид

Објавено во Охрид Недела, 03 Јуни 2018 07:46

Охрид ова лето ќе биде домаќин на уште еден интересен настан, кој ќе понуди креативно поминато време за младите охриѓани, но и децата од целата држава, на возраст од 6 до 18 години.

 

– Станува збор за камп во кој се случува за прв пат во нашата држава. Најмладите талентирани деца ќе имаат можност полни седум дена да поминат со познатиот македонски актер Дејан Лилиќ, кој ќе ги воведува во тајните на глумата и водителството, Теа Богатинова ќе работи со детскиот хор, Андријана Јаневска ќе работи на делот со естрадно пеење, за сегментот свирење со бенд/продукција ќе биде задолжен Кокан Димушевски, Бојан Мицев за Хип Хоп делот, а Симона Петровски ќе ја предводи handmade работилницата. Аранжманот опфаќа по три оброци за децата, но и обука, детална програма која ќе ги следи и ќе работи со секое дете посебно, тим билдинг програма со вежби и игри со Давор Петровски и вечерни забави, информираат организаторите.

За децата од Охрид комплетниот аранжман чини 4.000 денари со вклучен доручек, ручек и вечера, а за останатите деца од државата цената е 12.000 денари.

– За оваа цена најмладите добиваат учество во сите програми (освен handmade работилницата која чини 13.000 денари), сместување и полн пансион во хотел „Далјан“ во Охрид, додаваат од „Креатив“, организатори на настанот.

Кампот ќе се одржи во периодот од 11-ти до 17-ти јуни оваа година, а сите заинтересирани дополнителни информации можат да добијат на телефонот 078/358-843 или на маил адресата: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

Фото Галерија

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.