Кирил Пецаков: Воведување на паушал не е уставно

Објавено во Охрид Среда, 28 Февруари 2018 18:54

Прес после седницата одржа и координаторот на советничката група на ВМРО ДПМНЕ Кирил Пецаков кој истакна дека гласале воздржани во врска со точката за управување со отпад во Охрид за 2018година .

Пецаков напомена дека програмата е превземена од минатата локална власт и дека не е ништо ново и инвентивно.

  • Цената на водата се зголемува за 0,02денари што не е значително но зголемувањето е во останатиот дел. Кога ја носеа одлуката се разговараше дека ке се зголеми цената за фиксен паушал кој не е уставен, цената за колекторот е зголемена за 6 денари по метар кубен, обврска од 70 денари за одржување на водоводен систем плус ДДВ.

    Пецаков на новинарско прашање дека оваа цена не ја носи локалната самоуправа , дека за цената на истото се грижи регулаторната комисија.

  • Ова е одлука на регулаторната комисија мегутоа борбата од сите градоначалници е видлива и жестоко се спротиставуваат , а ние без разговор без да размислиме ја ставаме на дневен ред да ја гласаме.

Фото Галерија

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.