Израелски бизнисмени во посета на Општина Охрид

Објавено во Охрид Среда, 14 Март 2018 17:16

Градоначалникот на Охрид д-р Јован Стојаноски и неговите блиски соработници  денес во општинската зграда  имаа  работна средба со   група бизнисмени  од Израел.


Целта на состанокот  беше  зајакнување и продлабочување на  бизнис релациите помеѓу двете земји, Македонија и Израел и  запознавање  со бизнис можностите кои ги нуди Охрид.
На  состанокот претставници од Секторот за ТЛЕР ги презентираа туристичките потенцијали на Охрид, а   им беа презентирани и  бизнис можностите во други сегменти.  Гостите беа информирани и за поволностите кои на национално ниво им стојат на располагање за започнување на бизнис во Република Македонија.
Со цел да воспостават конкретни бизнис релации , во рамки на посетата  за израелските гости ќе бидат организирани средби со преставници на бизнис заедницата од Охрид.

Фото Галерија

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.