Изложба „Москва денес “ во Охрид

Објавено во Охрид Вторник, 27 Март 2018 13:14

Градоначалникот  на Охрид, д-р Јован Стојаноски  синоќа присуствуваше на отворањето на изложбата на фотографии  насловена како „Москва денес“ што  беше отворена во  галеријата при  Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид.

Во улога на домаќин градоначалникот Стојаноски им посака срдечно добредојде на посетителите на изложбата посакувајќи вакви културни настани да се реализираат и наредниов период,а кои се во насока на зацврстување на пријателските односи со Руската федерација и поголема културна афирмација на Охрид.
За значењето на  изложбата „Москва денес“ пред присутните гости од земјава и странство свое обраќање имаше и амбасадорот на Русија во Македонија, Н.Е. Олег Шчербак .
-Ниту една изложба секако не може да создаде целосна слика за толку голем град, но презентираните слики сепак го пренесуваат главното односно убавината, доброто и човечкото лице на овој прекрасен и стар град, расположение на оптимизам и сигурност во утрешниот ден кое владее кај неговите жители. Ова позитивно расположение е оправдано бидејќи Москва се наоѓа на прво место во Европа според темпото и размерот на градежни активности. Градот поминува низ многу интензивен период на развој, модернизација на инфраструктурата, вовед на нови најсовремени архитектонски решенија и дигитални технологии, меѓу другото и управување со градско стопанство. Во центарот на вниманието на градските власти и на грѓаните на Москва е обезбедување на највисоки еколошки , образовни и здравствени стандарди, како и квалитетни промени во животната орјентација на човечки потреби – истакна Шчербак.
Изложбата е поддржана од Амбасадата на Руската федерација во Република Македонија, Почесниот конзулат на Русија во Охрид, Музеј на град Скопје и НУ Завод и музеј - Охрид.

Фото Галерија

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.