Ифтарска вечера на плоштадот кај чинарот

Објавено во Охрид Вторник, 12 Јуни 2018 07:18

На градскиот плоштад „Чинар“, вечерва, градоначалникот Јован Стојаноски, по повод празникот Рамазан Бајрам, за граѓаните од  муслиманска вероисповед, приреди ифтарска вечера.

На вечерата, градоначалникот Стојаноски порача дека ваквите средби и празнувања ги јакнат односите  меѓу граѓаните,  соживотот и дека се потврда за почитување на универзалните хумани човекови вредности.

Додаде дека како и досега, така и во иднина, со почитување на верската различност ќе се градат меѓусебната толеранција, милосрдието, разбирањето и просперитетот на Охрид и Република Македонија.

Фото Галерија

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.