Градоначалникот Стојаноски на собир за имплементација на европско функционирање на администрација

Објавено во Охрид Петок, 13 Април 2018 19:53

Градоначалникот Јован Стојаноски, беше дел од осмиот собир на Европските корисници на ЦОММОН АССЕССМЕНТ ФРАМЕЊОРК (ЦАФ) моделите што се применуваат во јавната администрација, кој се одржа во Софија, Република Бугарија.

На собирот од страна на учесниците беа презентирани успешни примери од функционирањето на европската администрација, како и совети за подобрување на работењето на администрациите.
„ЦАФ“ моделот, до крајот на 2017 година е имплементиран во 55 држави, односно во административното работење на 3970 организации од јавниот сектор.  Имплементацијата на „ЦАФ“ моделот, општина Охрид го започна во 2013 година.

Фото Галерија

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.