Градоначалникот на Охрид Јован Стојаноски се сретна со шеикот Ал Тани од Катар

Објавено во Охрид Вторник, 24 Октомври 2017 11:37

Градоначалникот Јован Стојаноски, денеска имаше средба со Шеикот Јасим Бин Хамад Ал Тани  од Катар кој е заинтересиран за инвестирање во туризмот во Охрид.

На средбата на која присуствуваа и претставници на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, беа презентирани повеќе слободни локации за изградба на хотели во охридското подрачје.
По презентацијата за можностите за инвестирање, високиот гостин од Катар посети  неколку од предложените локации и најави дека  за скоро време ќе го извести градоначалникот Стојаноски за неговите конкретни намери за инвестирање.

Фото Галерија

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.