Градоначалникот на Охрид даде отчет за изминатите 100 дена +ВИДЕО

Објавено во Охрид Среда, 31 Јануари 2018 10:49

Градоначалникот на  Општина Охрид, д-р Јован Стојаноски денес  на прес конференција даде Отчет за сработеното во првите 100 дена од неговиот мандат.  Тој  посочи дека станува збор за дел од  реализираните и проекти кои се во тек, истакнувајќи дека во иднина ќе биде направено уште повеќе.

Интегрално обраќање на градоначалникот д-р Јован Стојаноски по повод 100 дена од неговиот мандат
Почитувани претставници на медиумите, драги мои  охриѓани..... изминаа првите 100 дена од мојот мандат.
За сиот овој период  заедно со општинската администрација    напорно работевме  и создававме услови за реализација на многу проекти кои  имаат за цел една иста работа, а  тоа е подобрување на квалитетот на живот  за сите Вас и развој на нашиот Охрид.


Транспарентното, отчетното и отвореното работење е она за што јас се определив од самиот момент кога одлучив да го „изодам“ патот , а потоа и ја добив довербата да бидам градоначалник на сите Вас. Точно таа отвореност  и непосредност во работата, верувам дека сите вие ја имате почувствувано во овој релативно краток временски период, откако ја извршувам функцијата градоначалник на Охрид.
Листата на проекти  на општина Охрид за 2018 година е следна:
1.Во лошо време беа изборите, донесувањето на  буџетот и она што го затекнавме како буџет. Првенствено  немаше можност за објава на тендери, не  беа оставени и не најдовме  ниту еден проект. Периодов  го започнавме   со објавување на тендери за изработка на проектни документации.
2. Општина за сите е оној проект којшто  го зацртавме, го ветивме и ги отворивме  вратите за сите граѓани на Општина Охрид. Го отворивме и новото крило на општинската зграда.  
3. Проект„ Од 20 до 20- ти сите во Охрид“.  Со  музичките и забавните содржини што Охрид ги понуди за дочекот на Нова Година но и периодот пред и потоа видовме дека е можно сместувачките капацитети да се полни и вон сезона. Настапија врвни изведувачи кои направија успешни концерти. Со добро менаџирање сакаме Охрид да биде активен во текот на целата година. Тука нема да застанеме.
Во однос на реализирање на инфраструктурни проекти  можам да кажам дека извршивме:
4. Реконструкција  на кровот од градинката „Развигорче“. Вредноста на проектот е 740 000 денари. Тука ќе има промена на системот за греење и енергетска ефикасност
5. Промена на системот за греење во градинката „Росица“, односно набавка на два котли  на пелети од по 42 књ, силос за пелети од 400 кг, радијатори во просторија(трпезарија во која се хранат децата) во која нема грејни тела  и работна рака за поставување на системот со проценета вредност од 356.000,00 денари.
Во тек се активностите за изработка на основни проекти за:
6. Реконструкција на ул. „Коста Абраш“ која вклучува и уредување на плоштад „Табана“. За наведениот проект располагаме со основен проект, извршена е ревизија   на истиот, а дополнително ќе  обезбедиме одобрение за изведба на планираните активности. Проценетата вредност за  на проектот е 35.000,00 евра.
7. Реконструкција на плоштадот „Чинар“со краковите  „Гоце Делчев“ и „7-ми Ноември“
8. Изградба на пешачка патека од Саат  кула до  старото училиште „Свети Сава“. Располагаме со комплетна документација . Проценетата вредност на проектот е 17. 500,00 евра. 
9. Изработка на проектно- техничка документација  за реконструкција на:
10. Целосна  реконструкција и поставување на атмосверска канализација  на  улица „7-ми Ноември“ од  кружен тек кај Здружение на  возачи до пресекот со улица „Егејска“.
Улица „Абас Емин“.  Предвидена е целосна реконструкција на улицата  со поставување на нова водоводна, атмосферска и канализациона мрежа. 
 Започната е реконструкција на регионалниот пат Косел – Вапила
11.  Завршени се договорите со  Владата на Р. Македонија и министерството за животна средина и просторно планирање за да  го доизградиме и реконструираме колекторскиот систем.
12.  Пренасочување на река Сатеска во старо корито со што решаваме голем број од Еко проблемите.
13.  На река „Грашница“  се планира систем на брани и каскади за спречување на можни наноси, а ќе бидат поставени и решетки за фаќање на цврст отпад.
14.  Изработка на студија за Студенчишко блато.
15. Решавње на проблем за изградба на марина.
16.  Одржливо управување и третман на био отпад со употреба на метод на производство на Био гориво. Проект кој се реализира со преку гранична соработка. Вредноста на проектот е 1 320 000 евра. Корисник е „Охридски комуналец“  со грант од 510 000 евра.
- Би напоменал дека  Во  ЈП „Пролаква„ го решивме  долгогодишниот проблем со доцнење на уплатата на придонесите за здравствено осигурување на вработените во  РЕ Охрид.
19. Еден од најважните проекти за охриѓани е  воведувањето на гасификација во Охрид.
20.  Целосно ставање во функција на просторот на поранешната касарна „Михајло Апостолски“.
-Досега се одржани 6 седници на Советот на Општина Охрид , а е изгласан и буџетот.  Формирани се надзорни и управни одбори.  Потврда за отворениот пристап на општината се и средбите со претставници на Месните и Урбаните заедници кои ги одржувам  во континуитет. На овие средби се сослушуваат барањата на охриѓани, проблемите со кои тие се соочуваат во секојдневниот живот и заеднички се бараат решенија за нивно надминување.
Ова се дел од активностите кои ги реализиравме и ни се во план за реализација. Тука не застануваме.  Со заеднички сили, разбирање ќе се потрудиме да направиме уште повеќе.
Ви благодарам.

Фото Галерија

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.