Охридhttp://mxradio.com.mk Sat, 16 Dec 2017 06:19:50 +0100Joomla! - Open Source Content Managementmk-mkПукотници од огнено оружје во Охридhttp://mxradio.com.mk/mx/vesti/okhrid/pukotnitci-od-ogneno-oruzh-e-vo-okhrid http://mxradio.com.mk/mx/vesti/okhrid/pukotnitci-od-ogneno-oruzh-e-vo-okhridПукотници од огнено оружје во Охрид

Едно лице е рането во пукотница што попладнево се случи во Охрид, во близина на кружниот тек на булеварот „Туристичка“ кај пресекот со улица „Бистрица“.

Полицијата го потврди инцидентот без притоа да даде детали за случајот, освен дека повредениот се наоѓа надвор од животна опасност.
Екипи на крим-техника вршат увид на лице место, како и други оперативни мерки за расветлување на случајот.

]]>
contact@mxradio.com.mk (MX Радио)ОхридSun, 10 Dec 2017 17:41:19 +0100
Ограбена банка во центарот на Охрид како на филмhttp://mxradio.com.mk/mx/vesti/okhrid/ograbena-banka-vo-tcentarot-na-okhrid-kako-na-film http://mxradio.com.mk/mx/vesti/okhrid/ograbena-banka-vo-tcentarot-na-okhrid-kako-na-filmОграбена банка во центарот на Охрид како на филм

Денеска околу10:45ч во центарот на Охрид беше ограбена Силк роуд банка.

Имено три маскирани лица во рацете со огнено оружје влегле во банката и со закани кон вработените одзеле непозната количина на пари. На местото на настанот сеуште се врши увид и се трага по маскираните лица. Со повеќе детали во текот на денот.

]]>
contact@mxradio.com.mk (MX Радио)ОхридThu, 30 Nov 2017 13:04:55 +0100
Општина Охрид прави стратегија за зимската сезонаhttp://mxradio.com.mk/mx/vesti/okhrid/opshtina-okhrid-pravi-strategi-a-za-zimskata-sezona http://mxradio.com.mk/mx/vesti/okhrid/opshtina-okhrid-pravi-strategi-a-za-zimskata-sezonaОпштина Охрид прави стратегија за зимската сезона

Во пресрет на зимската сезона и најавите за влошување на временските услови, денес, градоначалникот Стојаноски заедно со неговите соработници и директорите на Јавните претпријатија одржаа координативен состанок.

Целта на состанокот беше да се утврди подготвеноста на општината и службите за навремено реагирање и обезбедување услови за нормално работење и функционирање на граѓаните и компаниите.

]]>
contact@mxradio.com.mk (MX Радио)ОхридMon, 27 Nov 2017 16:40:25 +0100
ВМРО НП: МПЦ треба да продолжи да разговара со сите православни црквиhttp://mxradio.com.mk/mx/vesti/okhrid/vmro-np-mptc-treba-da-prodolzhi-da-razgovara-so-site-pravoslavni-tcrkvi http://mxradio.com.mk/mx/vesti/okhrid/vmro-np-mptc-treba-da-prodolzhi-da-razgovara-so-site-pravoslavni-tcrkviВМРО НП: МПЦ треба да продолжи да разговара со сите православни цркви

 

ВМРО – Народна партија од Охрид ја поздравува одлуката на светиот синод на Македонската Православна Црква да изнајде начин за признавање на нашата света апостолска православна црква и секако да се исправи една историска неправда од 1767 година кога беше укината Охридската Археископија.

За таа цел го охрабруваме светиот синод на МПЦ да продолжи да разговара со сите православни цркви, особено со оние кој вистински сакаат да помогнат во признавањето на МПЦ, а тоа во моментов е Бугарската Православна Црква.

 

Нашиот апел до двете православни и сестрински цркви и до нивните великодостојници е да го искористат овај историски момент и да си подадат рака и со тоа ќе покажат зрелост и мудрост, а истовремено ќе придонесат кон приближување и помирување и на другите православни цркви во регионов.

 

Имено, не можеме да ги разбереме напорите на поединци и одредени медиуми кој со сите сили работат овај историски договор да не успее. Уште еднаш го повикуваме владиката Повардарски Агатангел, повеќе да се посвети на учење на верата и љубовта помеѓу христијаните, а во иднина кога ќе се појави во јавност ставовите кој ги изнесува барем да бидат негови, не ментор и нарачател да биде Илија Димовски. Од такви ментори кој беа на власт единаесет години видовме до каде ја донесоа Македонија и Македонската Православна Црква.

 

]]>
contact@mxradio.com.mk (MX Радио)ОхридWed, 22 Nov 2017 13:21:37 +0100
Надминат инцидентот со бродот Мис Стонhttp://mxradio.com.mk/mx/vesti/okhrid/nadminat-intcidentot-so-brodot-mis-ston http://mxradio.com.mk/mx/vesti/okhrid/nadminat-intcidentot-so-brodot-mis-stonНадминат инцидентот со бродот Мис Стон

Денес се надмина инцидентот со бродот “Мис Стон“, кој делумно беше потонат во каналот Студенчишта и од кој беше излеана мала количина нафта,. Со помош на брод од Хидробиолошкиот завод и дигалка бродот беше исправен и прицврстен во близина на хангарот од Хидробиолошкиот завод.

Се очекува во наредните денови бродот да се дислоцира  од каналот. Во целиот зафат учествуваше и екипа на ЈП “Нискоградба“, која со пумпи претходно ја отстрани водата од внатрешноста на бродот.
Во текот на вчерашниот ден, екипа од Капетанијата и пристаништа од Охрид, со специјални абразивни средства, успеја да ја неутрализира најголемата количина излеана нафта.

]]>
contact@mxradio.com.mk (MX Радио)ОхридMon, 20 Nov 2017 12:47:10 +0100
Кај жител од Лескоец пронајдени куршуми за автоматско оружјеhttp://mxradio.com.mk/mx/vesti/okhrid/ka-zhitel-od-leskoetc-prona-deni-kurshumi-za-avtomatsko-oruzh-e http://mxradio.com.mk/mx/vesti/okhrid/ka-zhitel-od-leskoetc-prona-deni-kurshumi-za-avtomatsko-oruzh-eКај жител од Лескоец пронајдени куршуми за автоматско оружје

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи”, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.И. (29) од охридското село Лескоец.

Него, одредена му е мерка притвор во траење до 30 дена.
При претрес, извршен во неговиот дом на осми овој месец, пронајдени се 16 куршуми наменети за испукување од автоматско оружје со калибар 7,62 милиметри и 1 куршум наменет за оружја со полуавтоматско и автоматско испукување со калибар 7,9 милиметри.  Сега притворениот, куршумите ги чувал на различни места а полициските службеници ги пронашле во фиоки но и во саксии поставени на светларникот од  скалите во семејниот дом.
Пронајдените предмети се одземени и предадени на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.

]]>
contact@mxradio.com.mk (MX Радио)ОхридWed, 22 Nov 2017 12:43:45 +0100
Закажана првата седница на Советот на Општина Охридhttp://mxradio.com.mk/mx/vesti/okhrid/zakazhana-prvata-sednitca-na-sovetot-na-opshtina-okhrid http://mxradio.com.mk/mx/vesti/okhrid/zakazhana-prvata-sednitca-na-sovetot-na-opshtina-okhridЗакажана првата седница на Советот на Општина Охрид

Врз основа на член 37 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/2002), член 19 од Статутот на општината Охрид („Сл.гласник на општина Охрид“ бр.8/2007) и член 4 од Деловникот за работа на Советот на општина Охрид

  („Сл.гласник на општина Охрид“ бр.16/2014), Претседателот на Советот донесува:
 
Р Е Ш Е Н И Е
ЗА СВИКУВАЊЕ НА ПРВАТА КОНСТИТУТИВНА СЕДНИЦА   
НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД

ЈА СВИКУВАМ првата конститутивна седница на Советот на општина Охрид на ден 01.11.2017 година (среда) со почеток во 11,00 часот.
            Седницата ќе се одржи во зградата на општина Охрид.
            За седницата го предлагам следниот:
 

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

1.      Избор на Комисија за верификација, избори и именувања.
 
2.      Верификација на мандатите на членовите на Советот на општина Охрид.
 

    СОВЕТ НА ОПШТИНА ОХРИД
                                                                                                          Претседател
                                                                                                    Гордана Коњановска

]]>
contact@mxradio.com.mk (MX Радио)ОхридWed, 01 Nov 2017 09:17:48 +0100
Лице се заканувало со нож за да му дадат седативиhttp://mxradio.com.mk/mx/vesti/okhrid/litce-se-zakanuvalo-so-nozh-za-da-mu-dadat-sedativi http://mxradio.com.mk/mx/vesti/okhrid/litce-se-zakanuvalo-so-nozh-za-da-mu-dadat-sedativiЛице се заканувало со нож за да му дадат седативи

Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела ,,разбојништво“ и ,напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Б.Д.(52) од прилепското село Ново Лагово.

Тој, казнените дела ги сторил на 18-ти овој месец во 09 часот и 15 минути пред аптека на улицата „Маршал Тито“ во Струга. Тука го забележал вработениот во аптеката и видно агресивно, со нож во рацете и со закани по неговиот живот, побарал да му даде седативи.
Вработениот успеал да се сокрие во аптеката и настанот го пријавил во полициската станица, каде набрзо пристигнале полициски службеници. При нивната интервенција, Б.Д. со ножот во рацете пружал активен отпор и продолжил со закани кон униформираните полициски службеници. Тој е приведен во полициска станица каде со него е извршен разговор.

]]>
contact@mxradio.com.mk (MX Радио)ОхридTue, 31 Oct 2017 10:54:47 +0100
Охрид конечно ке го реши проблемот со кучињата скитнициhttp://mxradio.com.mk/mx/vesti/okhrid/okhrid-konechno-ke-go-reshi-problemot-so-kuchi-ata-skitnitci http://mxradio.com.mk/mx/vesti/okhrid/okhrid-konechno-ke-go-reshi-problemot-so-kuchi-ata-skitnitciОхрид конечно ке го реши проблемот со кучињата скитници

Општина Охрид , презема почетен план за решавање на долгорочниот проблем со кучињата бездомници, на доброволна основа, во соработка со Здружението на граѓани „ Анималија“ .

Во исто време ќе се продолжи со проектот за стерилизација, нега и згрижување и ќе се бара трајно решение за определување на локација за стационар.
Во соработка со Центарот за развој на Југозападниот плански регион ќе аплицираме  со проекти за набавка на опрема и обука на кадри од комуналното претпријатие за справување со оваа проблем.

{youtube}yEDCRBfWgaA{/youtube}

Важно ние да потенцираме дека проблемот не е краткорочен и може да трае во целиот мандат, па затоа мора со заеднички сили сите граѓани на Општина Охрид, а во наредниот период, заедно со општините Дебрца, Струга и Ресен заеднички ќе го решаваме проблемот- рече на денешната прес конференција, градоначалникот Јован Стојаноски.

]]>
contact@mxradio.com.mk (MX Радио)ОхридMon, 30 Oct 2017 14:51:53 +0100
Градоначалникот на Охрид Јован Стојаноски се сретна со шеикот Ал Тани од Катарhttp://mxradio.com.mk/mx/vesti/okhrid/gradonachalnikot-na-okhrid-ovan-sto-anoski-se-sretna-so-sheikot-al-tani-od-katar http://mxradio.com.mk/mx/vesti/okhrid/gradonachalnikot-na-okhrid-ovan-sto-anoski-se-sretna-so-sheikot-al-tani-od-katarГрадоначалникот на Охрид Јован Стојаноски се сретна со шеикот Ал Тани од Катар

Градоначалникот Јован Стојаноски, денеска имаше средба со Шеикот Јасим Бин Хамад Ал Тани  од Катар кој е заинтересиран за инвестирање во туризмот во Охрид.

На средбата на која присуствуваа и претставници на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, беа презентирани повеќе слободни локации за изградба на хотели во охридското подрачје.
По презентацијата за можностите за инвестирање, високиот гостин од Катар посети  неколку од предложените локации и најави дека  за скоро време ќе го извести градоначалникот Стојаноски за неговите конкретни намери за инвестирање.

]]>
contact@mxradio.com.mk (MX Радио)ОхридTue, 24 Oct 2017 11:37:40 +0200