Фатен рибокрадец на дело

Објавено во Охрид Петок, 27 Јули 2018 08:53

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „незаконит риболов”, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.Б.(49) од Охрид.

 

 

На први јули оваа година, при реализирани акциски мерки за лица кои вршат незаконит риболов, пријавениот, во близина на еден хотел на Охридското крајбрежје е забележан како од водите на Охридско езеро вади рибарска мрежа. По извршена контрола на пловниот објект, полициските службеници забележаа рибарска мрежа во должина од 20 метри со  улов на околу 3 килограми разновидна риба. Пронајдените предмети, по претходно известување до Јавен обвинител се одземени. 

Фото Галерија

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.