Фатен албански државјанин, криумчар на оружје

Објавено во Охрид Петок, 17 Јули 2009 14:23

Во текот на вчерашниот ден во близина на селото Љубаништа над магистралниот пат Охрид - Свети Наум е пронајдено и фатено лицето Ф.Ч. роден 1975 година од Поградец, Република Албанија, поради  основано сомнение дека е сторител на кривично дело "Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи"

 

Кај приведениот е пронајдена плутена вреќа во која при преглед пронајдени се две автоматски пушки калибар 7,62 мм. и две рамки полни со муниција, еден револвер со полна рамка со муниција како и близу 1000 парчиња куршуми калибар 7,62 мм за автоматско оружје.

Ohrid_oruzjeВо моментот кога настапила полицијата заедно со приведениот забележано е уште едно непознато лице, приведениот давал активен отпор но набрзо после тоа е фатен информираат од СВР Охрид

-Според досега документираните сознанија пријавениот незаконито внел во РМ поголема количина на оружје и муниција, со цел истото да го продаде на лица државјани на РМ.

Пријавениот албански државјанин, оружјето и муницијата ги пренесол преку илегален премин на државната граница и го сокрил во прикладен бункер во атарот на селото Љубаништа вели портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

СВР Охрид презема дополнителни мерки за пронаоѓање на второто лице кое успеало да избега, а исто така се работи и на прибирање на докази за потврдување на индициите дека приведениот и претходно во повеќе наврати шверцувал оружје во Р. Македонија, како и на откривање на македонски државјани кои евентуално соработувале со него.

Фото Галерија

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.