Денови на Живко Чинго

Објавено во Охрид Петок, 10 Август 2018 17:07

Во чест на Чинго од 1988 година во неговото родно место се одржуваа манифестацијата „Денови на Живко Чинго“.

Во текот на манифестацијата се доделува Наградата „Живко Чинго“ за најдобрар расказ.

Живкко Чинго роден е во 1935 г. во с. Велгошти, Охридско. Во родното село завршил основно училиште, а гимназија во Охрид. Во 1959 година дипломирал на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје. Извесно време работел како професор по книжевност во гимназијата во Охрид, а во Скопје работел во: „Студентски збор“, во „Млад борец“, во Радиотелевизија Скопје, во Институтот за фолклор „Марко Цепенков“, во Центарот за политички студии, а бил и долгогодишен директор на Драмата при Македонскиот народен театар. При крајот на животот работел како советник при Републичкиот комитет за култура. Во 1963 година станал член на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ), а бил и член на МАНУ. Умрел на 11 август 1987 година.Ш1

Во македонската книжевност Чинго влегол кон крајот на педесетите години на ЏЏ век. Уште во своите први раскази, објавени во периодиката, тој го свртел кон себеси вниманието на книжевната јавност, а со појавата на првата збирка раскази Пасквелија било јасно дека се работи за голем мајстор на расказот.

Првата збирка раскази Пасквелија, издадена во 1961 година, била дочекана како книжевно откровение. Неколку години подоцна, во 1965 година, тој ја објавил и втората книга раскази Нова Пасквелија, која го повторила големиот успех на првата книга. Во 1966 година, Чинго го објавил романот за деца Сребрени снегови, а во 1971 година и својот втор роман Големата вода (по која е снимен и истоимениот филм). Книгата раскази Вљубен дух била објавена во 1976 година, на српскохрватски јазик.

Сите овие пет прозни дела го сочинуваат јадрото на неговото творештво и го потврдуваат Чинго како автор со својствен раскажувачки свет, исклучителен по својата оригиналност, едноставност, со својата поетичност и непосредност, со својата раскажувачка драматика. Неговото творештво е високо вреднувано од македонската и југословенската критика, а неговите дела се преведувани на: српскохрватски, словенечки, албански, руски, полски, француски, унгарски и германски.

Чинго е автор на следниве дела:

• „Пасквелија“ (раскази, 1963)

• „Семејството Огулиновци“ (раскази, 1965)

• „Нова Пасквелија“ (раскази, 1965)

• „Сребрените снегови“ (роман за деца, 1966)

• „Пожар“ (раскази, 1970)

• „Големата вода“ (роман, 1971)

• „Жед“ (сценарио, 1971)

• „Поле“ (сценарио, 1971)

• „Образов“ (драма, 1973)

• „Ѕидот, водата“ (драма, 1976)

• „Вљубениот дух“ (раскази, 1976)

• „Кенгурски скок“ (драма, 1979)

• „Макавејските празници“' (драма, 1982)

• „Накусо“ (раскази, 1984)

• „Пчеларник“ (сценарио, 1988)

• „Гроб за душата“ (раскази, 1989)

• „Бабаџан“ (роман, 1989)

• „Бунило“ (раскази, 1989)

• „Ал“ (проза, 1989)

Награди;

• Рациново признание

• „11 Октомври“

• „1 Мај“

 

• Стерино позорје

Фото Галерија

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.