Дејан Блажески: Охридско Езеро е пред политика и пред се!

Објавено во Охрид Вторник, 14 Февруари 2017 12:44

Како советник во Советот на општина Охрид чувствувам морална одговорност за состојбата во која се наоѓа Охридското Езеро.

Ги повикувам сите колеги советници, без оглед на политичката припадност, да поведеме постапка за откривање на чинителите и лоцирање на одговорноста, како и да упатиме заедничко барање за поголема агилност од институциите на централно ниво задолжени за Езерото.
Предлагам: прво,брзо откривање на виновниците и граѓанска непослушност кон компанијата и институциите што се одговорни за ваквата состојба.
Второ,заедничка одлука на Советот на Општина Охрид, со што би ги блокирале сите барања од надлежните Министерства,  до решавање на проблемот.
Трето, ги повикувам сите припадници на урбаната мафија која години гради и узурпира, да ги потегне токму оние релации во институциите од кои  преку ноќ добиваат дозволи за градба - како сериозно засегнати од повлекувањето на Езерото и губењето на вредноста на нивното  досегашно дивеење.
Четврто, состојбата со Езерото е над политиката и барам сите кои сме припадници на политичките партии да соработуваме во заштитата.
Сметам дека е нужно да се радикализира пристапот, поради тоа што сите други обиди не вродија со плод.
Од друга страна, граѓаните на Охрид е неопходно да извршат притисок до гореспоменатите со една единствена цел - ургентност во решавање на проблемот. За крај, ги поздравувам сите новинари кои непрекинато алармираат за состојбата и им препорачувам да ја насочат целата енергија за поголемо влијание врз свеста на институциите.

Фото Галерија

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.