Брачен пар, родители на малолетни деца од Струга дилери на дрога

Објавено во Охрид Среда, 17 Март 2010 12:42

Поради основано сомнение дека се сторители на кривичното дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори",  полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против М.К.Ш (31) и П.К.(39) - брачна двојка од Струга. Истражен Судија при Основниот Суд во Струга им одреди мерка притвор во траење од 10 дена.
Кај пријавените, на 14.03.2010, пронајдени се две пакувања со 10 грама опојна дрога Хероин наменета за понатамошна продажба на  наркозависници од Струга. Хероинот, тие го набавиле од Скопје по цена  од 11.400 денари, по што со такси патничко моторно возило тргнале за Струга. Во близина на селото Мислешево, при сообракајна контрола, тие биле запрени од полициските службеници а потоа приведени во полициска станица. Натамошната продажба на Хероинот, по време и место била договорена со повеќе локални наркозависници кои, поради доцнењето на брачната двојка,почнале интензивно да ги бараат на мобилните телефони. Со оглед дека притворената брачна двојка, се родители на малолетни  деца, во разговорите со нив беше вклучен и Центарот за социјални работи од Струга, соопшти СВР Охрид.

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.