Богата културна програма во чест на Ловороносецот,Прличев

Објавено во Охрид Понеделник, 01 Февруари 2010 11:40

По повод денот на раѓањето на охридскиот поет-преродбеник, Григор С. Прличев, во Охрид традиционално се одржува поетско-книжевната манифестација „Прличеви беседи".

Наградниот конкурс за најдобра поема кој е дел од оваа манифестација ја има благородната мисија да ја негува поемата како поетска творба. На тој начин, и симболично, се оддава признание на ловороносецот од Атина, Григор Прличев, кој на конкурсот ја освои првата награда со поемата „Сердарот".

Во чест на најпознатиот поет од периодот на книжевната преродба, годинава организаторите  најавуваат богата културна програма на настани и содржини.

Чествувањата ќе започнат во петок на 5.февруари  во 10 часот со свеченоста на учениците од ОУ „Григор Прличев“.  Истиот ден точно напладне на писателот Михаил Ренџов ќе му биде врачена наградата за најдобра поема за 2009 година, потоа во 14 часот во НУ Библиотеката „Григор Прличев“ ќе се одржи традиционалната „Прличева визита".
Содржините со кои се чествува денот на  раѓањето на Прличев на 5.февруари ке завршат со свечената приредба на учениците од ОУ Григор Прличев , а ќе продолжат наредниот ден (сабота) со свеченостите пред бистата на Прличев пред Библиотеката  и со Беседата за Прличев што ке се одржи со почеток во 12 часот во спомен-куќата на поетот.

Оваа значајна културна манифестација е во организација на  Општина Охрид, НУ Библиотека „Григор Прличев", НУ  Центар за култура „Григор Прличев" и ОУ „Григор Прличев",

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.