Бесплатен паркинг во Охрид за Божиќ

Објавено во Охрид Четврток, 04 Јануари 2018 15:53
ЈП Билјанини Извори по повод големиот христијански празник Божиќ донесе одлука на ден 07. 01. 2018 година ( недела )
користењето на услугите на јавниот градски простор со кој стопанисува да биде бесплатно за сите нејзини корисници. Одлуката ја носиме во духот на големиот христијански празник и се надеваме дека со овој наш скромен гест ќе се приклучиме кон промовирањето на христијанските вредности како дел од славењето на самиот празник.
ЈП Билјанини Извори им посакува на сите граѓани на Охрид, Република Македонија и на сите наши иселеници од православна вероисповед добро здравје, успех во работата и благосостојба.

Нека ни е честит големиот христијански празник ! ХРИСТОС СЕ РОДИ !

Фото Галерија

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.