Балабан и Јовановски ќе бидат дел од тимот на Летните младински олимписки игри во Кина

Објавено во Спорт Четврток, 07 Август 2014 19:08

Јован Јованоски и Нина Балабан  ќе бидат дел од тимот кој ќе ја претставуваат Македонија на вторите Летни младински олимписки игри, кои од 16 до 28 август годинава ќе се одржат во кинескиот град Нанџинг.

„Ова ќе биде круна на мојата успешна младинска кариера. Имам учествувано на многу натпревари, имам освојувано многу медали, но сонот на секој спортист е да го носи националниот дрес на едни Олимписки игри. За таму имам големи очекувања. Ќе дадам се од себе. Иако велосипедизмот е индивидуален спорт јас со Петровски ќе се натпреваруваме заедно. Пласманот наш ќе зависи од нас двајцата“, истакна Јован Јованоски, на кого ова на некој начин ќе му биде круна на неговата кариера .
„Бидејќи јас сум родена два месеци пред 01.01.1996 год. не можам да настапувам како спортист односно такмичар во мојот спорт, но имам чест да ја преставувам мојата земја како амбасадор на Меѓународниот Олимписки Комитет каде што оваа година Македонија за прв пат доби амбасадор на Младинските Олимписки Игри и посебна чест ми е што јас сум првиот  амбасадор на Меѓународниот Олимписки Комитет од Македонија.
Од страна на Меѓународниот Олимписки Комитет (ИОЦ), со седиште во Лозана, именувана сум  за млад амбасадор на ЅОГ (Младински Олимписки Игри)  за да ја претставувам Р.Македонија на вторите летни олимписки игри на млади кои што ќе се одржат во Нанџинг, Кина 2014год“, истакна Нина Балабан.
Олимписката делегација која ќе ја претставува Македонија ја сочинуват:
- Јован Јованоски и Андреј Петровски (велосипедизам - екипно) - со официјално лице во придружба Сашко Ванчевски.
- Ана Ивановска (спортско стрелаштво 10м. воздушна пушка) - со официјално лице во придружба Иванчо Ивановски
- Стефан Јанкуловски (пливање- 200 м и 400 м) - со официјално лице во придружба Боро Блажевски
- Елмедин Сејфулау (борење - слободен стил) - со официјално лице во придружба Седат Бафтија
Шеф на мисијата (официјално име за Водичот на Олимписката делегација на МОК) ќе биде Владимир Богоевски, спортски директор на МОК.
Олимпијадата ќе се одржи во периодот 16-28 Август 2014 година во Нанџинг (Н.Р. Кина), ќе се одржат вторите Младински олимписки игри, на кои ќе настапат најдобрите млади спортисти од целиот  околу 3.600 спортисти од над 200 земји од светот, кои ќе се натпреваруваат во 28 спорта и во 220 дисциплини. 

Фото Галерија

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.