Бадникова поворка и оваа година во Охрид

Објавено во Охрид Петок, 05 Јануари 2018 23:48

Во пресрет на Христовото раѓање- Божиќ, во сабота на 6. Јануари, под покровителство на градоначалникот Јован Стојаноски, а во организација на Одборот за бадникови поворки од Охрид, по 5- ти пат ќе се одржи традиционалната Бадникова поворка.

Поворката со околу 400 деца во 10:30 часот ќе тргне од црквата Св. Ѓорѓи, 
преку улиците „ Јане Сандански“ и „ Кеј Македонија“ , во 11:30 часот ќе 
пристигне на плоштадот „ Св.Климент Охридски“ каде градоначалникот Јован 
Стојаноски, на децата коледарчиња ќе им подели Божиќни подароци. 
Манифестацијата ќе заврши со ручек во црквата Успение на Света Богородица- 
Каменско.

Фото Галерија

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.