32 издание на меѓународниот атлетски маратонот во Охрид

Објавено во Охрид Недела, 09 Септември 2018 21:06

По повод Денот на независноста на Република Македонија, денес, во Охрид беше организиран 32. Меѓународен атлетски маратон.

30 километарската патека во машка и женска конкуренција први ја помина кенијците, Марк Кипчумба и Сузан Мутони. Најдобриот во машката конкуренција патеката ја мина за 1 час, 42 минути и  44 секунди, додека најдобрата во женска конкуренција ја мина за 2 часа, 8 минути и 19 секунди.

Сребрениот медал во машка конкуренција му припадна на Словакот Габриел Свајда (1.49.44), а трет финишираше Илир Рудани од Косово (1.51.10). Кај атлетичарките Адријана Поп Арсова од Македонија заврши на втората позиција со време (2.09.13), а третопласирана Сања Најдовски (2.35.35). Најдобар македонски атлетичар беше Александар Кирацоски.

Повторно и оваа година, во рамки на маратонот се одржа и пет километарската трка – трка на Независноста. Прв низ целта во машка конкуренција мина Григоријан Никовски со време од 18 минути и 1 секунда, а во женска Ања Еклер со време 21 минута и 16 секунди.
Медалите на најдобрите им ги врачи градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски.

Фото Галерија

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.