15-ти Март последен рок за доставување на даночна пријава +ВИДЕО

Објавено во Охрид Петок, 03 Март 2017 20:56

Обврската на сите граѓани на Република Македонија за остварени приходи во текот на 2016 година со исклучок на плата и пензија истекува на 15-ти Март 2017 година.

Имено даночното одделение апелира сите граѓани кои имаат екстра приходи издавање на објекти, исплатена дивиденда, продажба на имот, добивка на лото или игри на среќа, приходи од конзулати или примања надвор од вашата редовна плата. Образецот можете да го преземете од веб страната на Управата за јавни приходи ,електронски да го сторат преку етакс или од даночното одделение во Охрид. Доколку граѓаните не достават пријава или извршат некомплетно пополнување на истата следуваат казни од 100-200 евра. Управата очекува во охрид да се поднесат околу 15.000 даночни пријави.

Упатуваат молба сите граѓани да си ја извршат својата граѓанска обврска.

Фото Галерија

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.