Македонија

 На штандот на Општина Охрид , на саемот на ЗЕЛС , претставниците на Охридската академија на хуманизмот во присуство на  градоначалникот Александар Петрески , официјално соопштија дека српската режисерка и книжевник Вида Огњеновиќ е добитник на Светската награда за хуманизам за 2012 година..

Повторно настрада автомобилот на Горан Петров. Доцна синоќа со камен е искршено задното стакло на возилото на велешкиот градоначалник.
Од полицијата велат дека засега непознати лица минувајќи покрај куќата на Петров,

Претседателот Ѓорге Иванов не сака да ги коментира написите што се појавија во грчките медиуми во врска со одлуката на Судот во Хаг за македонската тужба против Грција за прекршување на Времената спогодба со ветото за членство во НАТО на Самитот во Букурешт во 2008 година. 

 Според Извештајот на Светска банка „Дуинг бизнис 2012“, во кој таа се искачи за 12 места од 34 на 22. место. Македонија, заедно со Мароко, Молдавија, Сао Томе и Принципе, Летонија, Зеленортските Острови, Сиера Леоне, Бурунди, Соломонските Острови, Република Кореа, Ерменија и Колумбија, се 12-те економии кои постигнале најголемо подобрување на олеснувањето за водење бизнис во повеќе области на регулативата мерени со Извештајот на Светска банка, објавен денеска.

 

Членовите на Советот за радиодифузија (СРД), Бранко Радовановиќ, проф. Д-р Томе Груевски и Столе Наумов, изразуваат загриженост поради најновите тензии меѓу одредени новинари, што придонесуваат кон создавање на недоверба на јавноста во медиумите и нанесуваат штета на новинарската професија.

 

Претседателот Ѓорге Иванов денеска во претседателската вила Водно на пијанистот Симон Трпчески му ја додели титулата „Национален уметник на Република Македонија“.

Ова признание во Република Македонија се доделува првпат.

Според најавата на метео-алармот од Управата за хидрометеоролошки работи за денеска и утре се предвидува топлотен бран од жолта, односно алертна фаза, кој ќе ја зафати територијата на целата држава.

„20 години  државност - 20 години независна Македонија - заедно под едно сонце“ е мото на свеченоста со која утре во центарот на Скопје ќе бидат одбележани две децении од прогласувањето самостојност. Програмата има космополитска димензија и мисија да ги обедини сите граѓани, без оглед на каква било припадност. Ќе ги илустрира минатото, сегашноста и иднината и ќе ги прикаже националните обележја и уметничките капацитети на државата.

Едно лице загина а друго е тешко повредено во сообраќајна несреќа што се случи околу пладне на магистралниот пат Прилеп – Битола.
Во сообраќајката загина 29 годишниот Игор Петрески од охридското село Долно Коњско, а неговиот сопатник Наумче С. е потешко повреден и се наоѓа во животна опасност.

Фото Галерија

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.