Македонија

24 Вести од денеска може да се следи и преку сателит. Телевизијата ги регулираше своите обврски кон Советот за радиодифузија кој на денешната седница без дилеми само го констатира тоа.

Денес Пивара Битола беше свечено отворена, од магацинот на пиварницата излегоа првите камиони со Битолско и Кенбах.

По пресекувањето на црвената лента од страна на сопственикот Блажо Димитров и премиерот Никола Груевски, официјално беа испратени првите камиони со Битолско и Кенбах кои се упатија кон најблиските маркети. На отворањето присуствуваа и претставници на локалната и централната власт.

На 22 март – Светскиот ден на водите ќе стартува кампањата Сите во акција за Зелена Македонија – 2012, која е организирана од Министерството за животна средина и просторно планирање и Агенцијата за млади и спорт, а е во согласност на Програмата на Владата за Чиста околина.

Според одлуката на Регулаторната Комисија за Енергетика, од денес на полноќ ќе важат нови цени за горивата кои се во просек 1.70% повисоки од досегашните!

Согласно методологијата за пресметка на максималните малопродажни цени, малопродажните цени се зголемуваат за 1.70 проценти, односно 2 денари за Еуросупер 95 и 98, и 0.5 денари за Евродизелот.

Две момчиња денеска околу 13 часот биле застрелани од огнено оружје во Гостивар.

Од гостиварската болница потврдуваат дека биле згрижени од дежурните екипи и по обидите за реанимација била констатирана смрт.

Полицијата утрово уапси шестмина вработени во Управните служби на Министерството за внатрешни работи, под сомнение дека незаконски издавале пасоши на државјани на Косово, соопштува МВР.

Во сон во својот дом во Скопје, синоќа на 94-годишна возраст починал Киро Глигоров, првиот претседател на независна Македонија.

„Филип Втори“ останува во поранешната Воена Болница. На денешното јавно наддавање, победи кардиохирургијата на Жан Митрев.

Струјата од јануари поскапува за минимум седум,а максимум 10 проценти.
Регулаторната комисија за енергетика денеска ги направила првичните пресметки кои покажуваат дека новата цена на струјата треба да биде повисока за 7 проценти,

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.