Македонија

СВР Тетово поднесе кривична пријава против 34 годишниот А.А. и 21 годишниот А.А. за „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“.

Во овие тешки времиња за ЕУ и европската монетарна унија се обидуваме да привлечеме инвеститори од други земји и делови на светот кои не се толку погодени од кризата или не се комплетно погодени. Неодамна ја посетивме Кина, ги презентиравме нашите поволности пред многу кинески компании, ја посетивме и Индија, и го направивме истото и таму.

Советот за радиодифузија на ТВ Канал 5 денеска и’ изрече мерка „три дена забрана за рекламирање и телешопинг“, поради емитување на промотивен рекламен спот на 20 и 21 јуни, со кој беше прекршен Законот за радиодифузната дејност.

Полицијата заплени 76 килограми висококвалитетна марихуана спакувана во 90 пакувања со различна тежина.
Дрогата била илегално внесена од Албанија во Македонија преку Охридското езеро, каде што била подготвена за транспорт во Хрватска.

Шест месеци ефективен затвор за сопственикот на Телекабел, Роберт Димитров, познат под прекарот Роби. Според Основниот суд во Штип, Димитров е осуден за кривично дело насилство. По две години конечно заврши судењето за тепачката која се случи во една од собите на мотелот „Нико Петрол”.

Тешка сообраќајна несреќа со смртни последици се случила синоќа околу полноќ на патот Битола-Прилеп кај надвозникот за селото Кукуречани. 37-годишен албански државјанин управувајќи со својот автомобил марка „Мерцедес“ удрил во 43-годишната Виолета Китевска од Кукуречани, која се движела пеш.

Уште еден „тежок“ човек ќе стапне на македонско тло. Во земјава доаѓа индискиот мултимилијардер, основач и сопственик на компанијата Сахара Индија Паривар, Субрата Рој. Тој од денеска престојува во официјална посета на Република Македонија.

Во најновиот број на електронскиот информатор бр. 42 БУШАВКО на Првата детска амбасада во светот Меѓаши ќе можете да прочитате за нашите активности кои ги реализиравме во периодот декември 2011- мај 2012. Во овој број на информаторот на амбасадата Меѓаши можете да ги прочитате содржините повразни со следните теми:

СРД со 11 гласа за и 4 против предмалку и ја одзема лиценцата за работа на А2 телевизија. Причина за ваквиот потег на СРД било тоа што телевизијата не го испочитувала содржинскиот формат за емитување програма, имало поголем процент забавна содржина и репризи што не биле во согласност со добиената дозвола.

Фото Галерија

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.