Македонија

Од 21 до 25 јуни 2010 година во Стразбур,  Франција, се одржува редовната сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПС на СЕ).
Во работата на ПС на СЕ и неговите тела учествуваат пратениците на ВМРО-ДПМНЕ г. Александар Николоски како шеф на делегацијата и пратеникот г. Зоран Петрески.  

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов денеска ја продолжува посетата на Русија со билатерална средба со рускиот претседател Димитриј Медведев.

ВМРО-ДПМНЕ останува силно фокусирана на процесот на изнаоѓање решение зашто тоа и треба на Македонија за побрзо да напредува, но исто така ВМРО-ДПМНЕ нема намера интересите на сопствениот народ и држава да ги тргува со кого било и со што било.

Атина останува посветена на напорите за изнаоѓање решение за спорот со Скопје во рамките на ОН и нејзината позиција е јасна - име со географска одредница за севкупна употреба, изјави синоќа во Луксембург алтернативниот шеф на грчката дипломатија Димитрис Друцас.

Шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски изрази жалење што ЕУ, како што рече, уште еднаш не собрала сили билатералните проблеми да ги остави на страна или да ги раздвои од заедничките европски интереси.

Собранието ја отфрли интерплелацијата за вицепремиерот за евроинтеграции Васко Наумовски. Пратениците со 69 гласови „против" и 16 гласа „за" ја отфрлија интерпелацијата која беше поднесена од опозицијата.

Маратонската прослава за 20 от роденден на ВМРО-ДПМНЕ стартува денеска , два дена порано од роденденскиот датум, со големиот партиски митинг на една од најфреквентните сообраќајници во Скопје.

Владата предложи измени на казнените одредби на 16 закони. Во првата фаза ќе се корегираат казните пропишани со законите за работни односи, трговија, за угостителска дејност, за занаетчиство, за додадена вредност и за градење.

Доколку утре се одржат избори 29 проценти од граѓаните својот глас би го дале за ВМРО-ДПМНЕ, додека 12 проценти за опозициската СДСМ.

Фото Галерија

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.