Македонија

Секој што вели дека во 1995 година постоела можност Македонија да почне преговори за членство во ЕУ под референцата ПЈРМ ги надминува границите на фантазијата, изјави вчера европретставникот Ерван Фуере.

Неговата реакција следува по зачестените тврдења на претседателот Ѓорге Иванов, премиерот Никола Груевски и европратеникот Бернд Поселт дека Македонија под раководство на владата на СДСМ во деведесеттите пропуштила значајни шанси да се интегрира во ЕУ и во НАТО.

Цените на бензините и на дизелот од синоќа се зголемија од 1,5 до 2 денара. Според одлуката на Реуглаторната комисија за енергетика, за 1,5 денар поскапуваат „евросуперот БС 95", „евродизелот" и екстра-лесното масло за домаќинство. Новата цена на безоловниот бензин БС 95 е 68 денари, на евродизелот 57,5 денари, а на екстра-лесното 46 денари за литар.

Малопродажната цена на бензините и на дизел горивата ноќеска на полноќ се намалува за 1,5 денари, додека екстра лесното масло за домаќинство поевтинува за два денари по литар.
Вака реши денеска Регулаторната комисија за енергетика на својата редовна седница посветена на корекција на цените на нафтените деривати.

Во штипскиот регион доцна синоќа, две минути пред полноќ бил почувствуван земјотрес.
Потресот бил со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала, јавуваат од Сеизмолошката опсерваторија при Природно - математичкиот факултет во Скопје.

Големиот рамазански пост или светиот исламски месец на постот, мирот , милоста и простувањето за исламските верници почнува денеска и трае 29 дена. Во текот на овој пост верниците целодневно се воздржуваат од конзумирање храна, цигари, алкохол, но и од лоши мисли, идеи и дела.

Куќните совети имаат можност до петок да се регистрираат како Заедница на сопственици или да ангажираат фирма која ќе ги врши работите на управување со станбената зграда согласно новиот Закон за домување. 

Министерството за финансии денеска организира аукции на шестмесечни државни записи со девизна клаузула и шестмесечни државни записи без девизна клаузула.

Новонаименуваниот амбасадор нa Мaкедонија во НАТО вели дека е оптимист дека Македoнија на самитот на НАТО во нoември ќе добие покана за члeнство.

Премиерот Никола Груевски изјави дека податокот што го објави Државниот завод за статистика за зголемување на растот на индустриското производство за 5,4 проценти во јуни во однос на истиот месец минатата година е добар сигнал, иако уште треба да се подобруваат работите.

Фото Галерија

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.