Македонија

Поаѓајќи од актуелноста на проблематиката од областа на работните односи и важноста од целосна информираност на стопанските субјекти со законодавството од оваа област,

Во пресрет на зимската сезона, поточно од 15-ти Ноември  оваа година па се до 15-ти Март наредната година,  согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, возачите на сите моторни возила кои учестуваат во сообраќајот на патиштата надвор од населени места, се должни покрај останатата опрема да ја поседуваат и пропишаната зимска опрема.

Денес на 04.11.2010 во Првата детска амбасада во светот Меѓаши се обрати мајката на Ирена Петковиќ, за случајот на нејзината ќерка Ирена Петковиќ која е во семејна заедница со Даниел Жугларис, родители на три и пол годишно дете. Имено, според информациите кои ги имаме, се работи за случај во кој судот во Брисел (Белгија) одлучувал во постапка за старателство на детето и на 27 мај оваа година привремено и го доделил старателството на мајката Ирена Петковиќ.

Малопродажните цени на Еуродизелот и на Екстра лесното масло за домаќинство од полноќ се зголемуваат за половина денар од литар, а на бензините остануваат на досегашното ниво, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Еуродизалот ќе се продава за 57, а Екстра лесното за 46 денари од литар. Цените на Еуросупер БС-95 и на Еуросупер БС-98 остануваат 68 осносно 69,50 денари.

Австриската агенција за развој (АДА) одобри продолжување на рокот за реализација на проектот Еколошка санација и енергетска рационализација на геотермалниот систем „Геотерма" до 31 јануари 2011 година.

Изведувачот „Енергосистем" веќе реализира  дел од работите по тендерот. До 20 декември е обврзан да ги изведе електричните инсталации и снабдувањето со електрична енергија од постојната трансформаторска станица, да изработи поврзни цевководи, СЦАДА, да инсталира топлоизменувачка опрема, да изгради зграда за сместување на топлоизменувачката опрема.

Повеќето муслимани во Македонија имаат доверба во Исламската верска заедница, но не се задоволни од актуелното раководство на ИВЗ, покажува истражувањето за довербата во ИВЗ, што го спроведе Центарот за истражување и креирање на политики.

Ромите да не подлегнуваат на манипулации од одредени туристички агенции, кои нудат азил во земјите од ЕУ, бидејќи за да заминат во западноевропските земји тие продаваат се што го имаат, а по нивното враќање се сречаваат со уште поголема економска криза, апелира денеска министерот без ресор Неждет Мустафа.

Барањето азил во западноевропските земји е на крај, а ниту еден граѓанин нема да добие азил, порача денеска Гордана јанкулоска, министер за внатрешни работи.
Таа им порача на македонските гражани да не се изложуваат на непотребни торшоци и неизвесно патување кога нема да можат да се стекнат со финансиска корист.

Црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ, кој денеска е во посета на Скопје, изрази жалење бидејќи дошло до застој во евроатлантскиот процес на Македонија, поради нерешениот спор околу името со Грција, прашање кое, според него, го засега и регионот.

Фото Галерија

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.