Македонија

Грипот од тип А (Х1Н1) ја зеде првата жртва во Македонија, јавија вчеравечер македонските медиуми. Според информациите на телевизијата „Сител", починатиот е 30 годишен маж од Кочани кој, неофицијално, немал историја на хронични заболувања. Пациентот наводно седум дена се борел за живот и починал од белодробни тегоби. Како што јавуваат медиумите,

И ова е можно за ВОДИЦИ, ама во Делчево...

Обичен грабеж, а не дипломатски скандал е квалификативот на Министерството за надворешни работи за случајот со македонскиот амбасадор во Австралија, Перо Стојановски.
Борче Стамов, портпарол на МНР, тврди дека се украдени само лични работи од домот на амбасадорот.

Спомен-куќата на поетот и револуционер, Кочо Рацин, изминатата година била најинтересна за организирана посета на учениците во Велес

Според евиденцијата на одговорните во Народниот музеј кои се грижат за овој објект, лани групно ја посетиле 3.400 ученици, основци и средношколци од земјава, заедно со свооите професори.

Ненадејно, на 69-годишна возраст во Скопје почина легендата на македонското пливање Атина Бојаџи.

Родена е во Охрид на 13 март 1944 година. Уште на 11- годишна возраст успева да ги собори сите македонски рекорди во пливање на кратки патеки во слободен и делфин стил.

Таа беше светски шампион во маратонско пливање на слатки води на Охридскиот маратон одржан во 1962 година.

Од 1 до 2 декември 2010 година, Управата за јавни приходи ќе има можност за претставување, афирмација и директен контакт со пошироката јавност на 8-миот по ред Саем за финансии, деловни можности и економски развој ФИНЕКСПО 2010, кој на едно место ги собира сите релевантни фактори од финансискиот сектор и бизнис заедницата.

Владата на Република Македонија, засега, се воздржува од коментар за  документите од вебсајтот „Викиликс", за Журнал.мк велат портпаролите на Владата, Мартин Мартиновски и Мухамет Хоџа.
Без изграден став се и ДУИ, а двете најголеми политички партии, ВМРО - ДПМНЕ и СДСМ, кои не беа достапни за каков бил коментар по ова прашање.
Од Демократската партија на Албанците велат дека целиот свет го тресе ова прашање но, никој никаде не споменува „фабрикација" или „фалсификат" за разлика од Македонија што сите институции ги прогласуваат досиејата за фалсификати.

Иво Котевски, портпарол на Министерството за внатрешни работри, го тужи модераторт на интернет страницата на телевизија „А1" поради клевета.
Котевски ќе покрене постапка заради објавените коментари на интернет страницата на телевизија во кои, тврди, е неосновано наклеветен дека зел мито.

Препорака за отворање граничен премин Берово - Сандански даде Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ - Македонија.
Предлог амандманот на пратеникот Влатко Ѓорчев, едногласно, бил усвоен на состанокот во Брисел.

Фото Галерија

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.