Уште војници во Авганистан

Објавено во Македонија Сабота, 21 Февруари 2009 04:36

Американскиот министер за одбрана Роберт Гејтс изјави денеска дека „19 или 20” држави ветиле да го зголемат своето цивилно или воено присуство во Авганистан.

Тој тоа го означи како „добар почеток” пред средбата на врвот на НАТО во април, пренесуваат западните агенции.

„Изминатите два дена 19-20 земји изјавија дека ќе го зголемат присуството, независно дали во цивилниот или воениот сектор”, посочи Гејтс, по дводневната средба во Краков со своите колеги од Алијансата и од други држави со присуство во Авганистан.

„Очекувам суштински придонес и затоа сметам дека тоа е добар почеток за подготовка на средбата на врвот” во Стразбур и Келн, на почетокот на април

Фото Галерија

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.