УЈП ќе работи и во сабота за прием на даночни пријави

Објавено во Македонија Среда, 25 Февруари 2009 02:36
Од УЈП ги информираат даночните обврзници дека на 28-ми февруари 2009 година/сабота, од 08.30-16.30 ќе работат службите за прием на даночни пријави во сите даночни канцеларии на УЈП низ Републиката.
Истовремено, ги потсетуваме обврзници дека приемот на даночните пријави:

·    Даночен биланс (образец “ДБ”)

·    Консолидиран даночен биланс (образец “КДБ”)

·    Даночен биланс на вкупен приход (образец “ДБ-ВП”)

·    Пријава за регистрација на годишен данок на приход (образец “РДО-ВП”) и

·    Известување за намалување по основ на реинвестирање (образец “ДД-ИН”)

ќе се врши и на 2-ри март/понеделник, бидејќи крајниот рок за поднесување на истите се паѓа во неработен ден. 

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.