Стопанската комора на Македонија организира состанок на тема:работните односи и нивна хармонизација со европското законодавствo

Објавено во Македонија Среда, 17 Ноември 2010 09:28

Поаѓајќи од актуелноста на проблематиката од областа на работните односи и важноста од целосна информираност на стопанските субјекти со законодавството од оваа област,
Стопанската комора на Македонија во соработка со Министерството за труд и социјална политика на РМ, организира состанок на тема:

Регулативите од областа на работните односи и нивна хармонизација со европското законодавство„


На состанокот ќе присуствуваат и министерот за труд и социјална политика, Џељал Бајрами и директорот на Државниот инспекторат за труд, Горан Јовановски.

Состанокот ќе се одржи на 18 ноември 2010 година (четврток), со почеток во 10:00 часот, во Стопанската комора на Македонија, голема сала на петти кат.

Фото Галерија

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.