Сослушување на загрозен сведок во случајот Монструм

Објавено во Македонија Сабота, 25 Август 2018 07:35

Во Кривичниот суд денеска трае сослушувањето на загрозениот сведок од предметот на СЈО „Монструм“, кој рече дека на 12 април 2012 година видел четири тела кај Смиљковското езеро.

 

Одбраната со повеќе прашања се обидува да ја собори веродостојноста на исказот на загрозениот сведок. Aдвокатот Алмир Алиспахиќ се обиде да ја провери и оспори меморијата на загрозениот сведок прашувајќи го како на претходното рочиште биле облечени тој и неговиот колега Насер Рауфи.

Загрозениот сведок, кој исказот го дава од друга просторија со мутиран глас и засенчена слика, точно кажа како биле облечени адвокатите и обвинетите, за кои уште кажа дека ги препознал, дека биле на езерото непосредно пред да се случат убиствата.

Tој исто така кажа дека кај Смилковско езеро на 12 април, освен „голф 3“ видел уште две патнички возила, едно со сина боја, а второто со бела. Минатото рочиште, што се оддржа на 22 август, беше прекинато поради замор на заштитениот сведок.

На 12 април 2012 кај скопското Смиљковско Езеро беа убиени Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски и Кире Тричковски, на возраст од 18 до 21 година од скопската населба Радишани и 45-годишниот рибар Борче Стевковски од Црешево.

Фото Галерија

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.