Прв органски базар во Македонија

Објавено во Македонија Среда, 20 Мај 2015 14:06

 

Скопје Сити Мол Ве поканува на првиот и единствен Органски Базар во Македонија, кој започнува со работа на 21 Мај 2015 година, а ќе трае во текот на целата година.

 

 

Првиот Органски Базар е во организација на Скопје Сити Мол, со партнерство на Беорг, во соработка сo Програмата ИME спроведувана од Свисконтакт и Швајцарската Агенција за развој и Соработка, поддржано од Министерство за Земјоделство, Шумарство и Водостопанство на Република Македонија.

 

Отворањето на Органскиот Базар е закажано за Четврток, 21 Мај, со почеток од 11:00 часот, a на истото свое обраќање ќе има Амбасадорот на Швајцарија во Македонија, г-дин Стефан Лаѕарото, Розанди Лоу Програмски Директот на ИМЕ,  Анастасија Ашкилова од ,,Беорг, Дарко Панчевски претставник од Скопје Сити Мол, г-ѓа Валентина Колар Јовановска од Балкан Био Серт Скопје, како и дел од  организаторите и партнерите на проектот.

 

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.